Шизофренија
Шизофренијата
се смета за едно од најтешките психички
заболувања, кое психијатриски се
објаснува како ментално пореметување
кое се карактеризира со абнормалности
во прецепцијата и видувањето на реалноста
кај заболените. Најчесто се манифестира
со разновидни симптоми, како халуцинации,
параноја и делузии. Како пресудни фактори
за добивање на шизофренија се сметаат
детството, генетичката наследност и
околината во која живее потенцијалниот
заболен. Дијагнозата е тешка за поставување
бидејќи нема ниту еден лабораториски
тест кој може да се направи за да се
потврди болеста, затоа докторите ја
поставуваат својата дијагноза преку
разговор и обзервација на заболениот.Појавата
на првите симптоми најчесто се случува
помеѓу 20тата и 28тата година кај машките,
односно 26тата и 32та година кај женските
пациенти.Во
почетокот на болеста, лицето често се
повлекува од другите, станува депресивно,
растроено, добива невообичеани идеи
или претерано се плаши. Важно е овие
рани знаци да се забележат за лицето да
може навремено да се лекува. Навременото
препознавање и ефикасното навремено
лекување се неопходни за здравјето во
иднина на лицата кои имаат шизофренија.
Што
ја предизвикува шизофренијата?
*
Генетски фактори
*Биохемиски
фактори
*
Односите во семејството
*
Напнатост
*Консумирање
на алкохол и други видови дрога
Лекарства
Најефикасното лекување на шизофренија вклучува земање лекарства, психолошка терапија и поддршка да се контролира влијанието на болеста врз секојдневниот живот. Важно е да се подучува за болеста и да се научи како ефикасно да се реагира кога ќе се појават знаци кои предупредуваат на епизода. Развојот во областа на антипсихотички лекарства радикално го промени лекувањето на шизофренија.
Сега, повеќето луѓе можат да живеат во заедницата без да има потреба да престојуваат во болница. Некои лица никогаш не престојуваат во болница и тие ја добиваат целата здравствена нега во заедницата.Постојат два вида на лекарства. Конвенционални и атипични. Конвенционалните, односно постарите лекарства, се сметаат за лоши помеѓу многу психијатри денеска, бидејќи предизвикуваат премногу несакани дејства, а не се делотворни како што се атипичните. Неколку вакви лекови се халоперидол, флуфеназин, хлорпромазин. Атипичните лекови, од друга страна пак, се концентрираат на одредени симптоми и дејствуваат многу подобро од конвенционалните, скоро без никакви несакани дејства. Тоа се рисперидонот, оланзапинот и кветијапин и др.

Живеење
со болни од шизофренија
Напротив на многу, модерни, верувања шизофрените болни воопшто не претставуваат толку голема опасност за општеството или пак нивната социјална околина. Иако, треба претпазливо да се однесуваме со нив во почетните фази на болеста, кога делузиите и халуцинациите можат да ги доведат да направат нешто што не би сакале – да повредат некого. Но, се додека се на лекарствата кои им се препишани, тие не представуваат никаква закана за општеството. Пред се, треба да внимаваме на нив постојано, бидејќи шансата да се повредат сами себе е многу поголема одколку да повредат некој друг.

Видови на шизофренија
-Параноична шизофренија подтип
-Неорганизирана Подвид шизофренија
-Кататон Подвид шизофренија
-Неиздиференцирана Подвид шизофренија
-Резидуална шизофренија Подвид
-